Вторник, 14 Април 2015    PDF Печати Е-пошта
ОСУДА НА СКАНДАЛОЗНАТА ИЗЈАВА НА ОДРОДНИКОТ И РАСКОЛНИКОТ ЗОРАН ВРАНИШКОВСКИ ЗА РАДИО БЕЛГРАД

grbСветскиот Македонски Конгрес (СМК) ја осудува скандалозната изјава на одродникот и расколникот Зоран Вранишковски за Радио Белград, со која повторно тврди дека “создавањето ма Македонската црква беше политичка одлука по Втората Светска Војна за осигурување идентитет на македонскиот народ“, и дека “под таков притисок во 1967 година дошло до изразување на непослушност кон мајката црква Српската Православна Црква, од која насилно се одвоени териториите на Македонија.“

Истовремено, СМК потсетува, дека Зоран Вранишковски расколот од мајката Македонската Црква, го започна со декларацијата дека “не е можен одговор на расколот во Православната Црква во Македонија“ се’ додека не се одговори на прашањето дали нејзините верници се “словени или Македонци“, бранејќи ја тезата дека Македонците се Грци, за да заврши со тврдењето на неговата мајка Галина Вранишковска во 2013 година, дека “Јован Вранишковски е Србин, одгледан во духот на српската вера и негуван да му служи на српското православие... Ги чувавме нашите српски корени и својата православна вера. Така ги подигавме и своите деца. Така ги воспитував и туѓите. Да знаат на кој народ и нација им припаѓаат, на која вера им припаѓаат и таа вера како своја да ја негуваат.“

СМК повторува дека Македонската Црква не бара признавање за нејзиното апостолско и вековно постоење ниту од Српската Црква, ниту од грчките цркви, ниту од одродникот и расколникот Зоран Вранишковски кој продолжува со поттикнување и разгорување етничка, расна и верска омраза раздор и нетрпеливост.

СМК повторува дека Македонците не се српска креација, ниту на СКЈ, Коминтерната, Тито или Белград, туку историска вистина во континуитет во време и простор од пред нашата ера до денес!

СМК потсетува дека таканаречената “Православна Охридска Архиепископија“ на одродникот и расколникот Зоран Вранишковски, којашто неуставно и незаконски делува во Македонија, не е канонска црква, туку пара-црква со статус “српска православна епархија“ во Македонија со цел инсталација на паралелна ерархија на Македонската Црква.

СМК отфрла регистрација на верска заедница во Македонија под името “Грко-Православна Охридска Архиепископија на Печката Патријаршија во Македонија“ како експозитура на Српската Православна Црква, затоа што Охридска Архиепископија е само друго служебно име на Македонската Православна Црква.

СМК повторува дека после дисолуцијата на поранешна СФРЈ, Македонија повеќе не е српска колонија, дека Македонија повторно е суверена и самостојна држава, Македонците повторно се суверена нација, Македонија е одржлива демократија, Македонците се посветена нација и таа историја и вистина повеќе никој и никогаш не може да ја смени!

СМК од властите во Македонија бара трајна забрана за вршење верски обреди на нелегалната и нерегистрирана верска секта на одродникот и расколникот Зоран Вранишковски, кој ги повредува националните чувства на македонскиот народ и на православните Македонци во целиот свет!

СМК потсетува дека Српската Православна Црква историски двапати е под шизма на Охридската Архиепископија/Патријаршија како Мајка Црква во 1219 година и 1557 година, коишто се уште не се симнати!

 

На прво место

News image

Никола Груевски-Ги повикувам од ОЈО да ги објават јавно доказите против мене

Политичкиот прогон против мене и против многумина од ВМРО-ДПМНЕ продолжува.

Историја

News image

Аристотел избркан од Атина зошто бил пријател на нивниот непријател Александар Македонски

Аристотел избркан од Атина зошто бил пријател на нивниот непријател Александар Македонски

Иселеници

News image

Анализа на ОМД: Од „Конечна Спогодба“ до „Failed State“ во 10 чекори

Десет причини зошто Република Македонија отстапува од си...

Култура и туризам

News image

ЕСМА РЕЏЕПОВА – ТЕОДОСИЕВСКА – КРАЛИЦАТА НА РОМСКАТА ПЕСНА (11)

ЕДЕН ДЕН СО КРАЛИЦА НА ПЕСНАТА  ЕСМА РЕЏЕПОВА – ТЕОДОСИЕВСКА - II ДЕЛ

Фељтон

News image

Александар Македонски (72)

МЕШАЊЕ НА РАЗЛИЧНИТЕ КУЛТУРИ, РЕЛИГИИ И НАЦИИ НА НАРОДИТЕ ОД ЗАПАД И ОД ИСТОК

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.