Среда, 04 Март 2015    PDF Печати Е-пошта
Синдромот Коте Христов

Никопа Петков Србов

Некои ќе ме обвинат за злоупотреба на историјата, но чуму историјата ако ја изгубам државата, не планирам да работам како историчар во нечиј кантон, таа привилегија ја има само мојата родна земја, затоа во овој момент таквите обвинувања се маргинални, не допираат до мене.

kote-hristovОднароден е можеби премногу жесток збор, но не можам да најдам друг термин со кој ќе го опишам оној од кој Македонецот страдал и сеуште страда. Историскиот багаж на Македонија со кодошлук, подаништво, протекторство, туторство и предавништво е преголем, преголем во историските учебници, кодошлукот не е наш ексклузивитет, тој бил присутен кај сите народи, но наш ексклузивитет е кодошлукот и предавството во 2015 година при сопствена држава. Некои ќе ме обвинат за злоупотреба на историјата, но чуму историјата ако ја изгубам државата, не планирам да работам како историчар во нечиј кантон, таа привилегија ја има само мојата родна земја, затоа во овој момент таквите обвинувања се маргинални, не допираат до мене. Подоле ќе ви го предочам делувањето на еден однароден Македонец кој делувал пред еден век, заклучоците со она што се случува денес ќе ги донесете сами, сличноста не е намерна, ова се само факти и ништо повеќе.  

Историјата на македонскиот народ памети една личност чиешто име стана синоним за однароден човек, човек кој го гледа само личниот интерес и за тој интерес е спремен да го продаде целиот свој народ. Неговото име е Коте Христов. Овој човек бил Македонец по род, израснал како Македонец и бил воспитуван како Македонец, бил роден во костурското село Руља, област Корешта, Егејска Македонија. Коте за време на својот живот се вклучил во Македонската револуцинерна организација, му била доверена чета со која делувал на терен, но по доаѓањето на Марко Лерински кој требал да го превземе водството на четата, Коте од суета се одметнал од Организацијата. Веднаш по одметнувањето Коте пристапил кон грчката пропаганда која делувала на територија на Македонија, на почетокот срамежливо, не знаел што му нудат, но подоцна отворено откако добил кеш на рака.

Овој истиов Коте претходно помеѓу народот имал голем авторитет, Македонците го сметале за свој херој и спасител бидејќи ликвидирал неколку османлиски зулумџии, но народот не знаел дека тие биле ликвидирани заради личниот бенефит на Коте, а не заради заштитничкиот и револуционерен порив кај Котета. Заради ликвидациите Коте бил пикнат во затвор, Македонците во него гледале маченик за македонската слобода и кауза. МРО одлучила да му помогне на Коте да излезе од затворот во Корча со цел да се приклучи во Организацијата, а и народот едноставно гледал херој во него, занчи Коте му направил „финта“ и на народот и на Организацијата играјќи на картата патриотизам. По излегувањето од затвор, Коте продолжил со грабежи нанесувајќи ѝ огромна штета на Организацијата која во тој момент претставувала држава за Македонците со сите нејзини институции. Заради грабежите кои ги извршувал, познатиот Коте од Руља бил осуден на смрт од страна на МРО, започнал ловот на Коте од страна на македонските револуционери. Откако Коте видел дека неговите намери и „финти“, во однос на македонското прашање, биле осуетени од страна на Организацијата, и откако видел дека народот ја сфатил шарлатанската улога на Коте (до тогаш нивен херој) тој договорил средба со патријаршискиот грчки митрополит Германос Каравангелис. На средбата во селото Трново, Каравангелис истакнал: „Вие сте Грци уште од времето на Александар Велики, но поминаа Словените и ве словенизираа. Вашиот изглед и земјата што ја газиме се грчки.“ Коте не бил толку убеден по исказот на Каравангелис, уште бил сомничав, но следното веднаш го убедило. Каравангелис продолжил: „Од денес ти ќе бидеш со нас, ќе бидеш наш прв човек. Ќе те испратам долу да ги запознаеш грчките цареви а твоите деца ќе ги испратам да учат во Грција“, Каравангелис му дал кеш пари на Коте и се договориле секој месец Коте да добива по 10 лири од грчката влада. Откако го видел бенефитот Коте прифатил се, па и да си го погази својот народ, децата ги испратил во Атина каде биле пречекани од Павлос Мелас – грчки офицер одговорен за грчката воена пропаганда во Македонија, тие биле запишани во Лицејот на националистот Делиос.

По средбата со Каравангелис, Коте повторно се вратил во Организацијата бидејќи Гоце Делчев му простил, Коте се вратил за да им направи „финта“ играјќи на патриотската карта, сакал да ја превземе Организацијата, а потоа да ја „реши“ за два дена со помош на Каравангелис, на кој му било „преку глава“од македонските револуционери. Коте планирајќи ја „финтата“ му се приклучил на Јанков кој кон крајот на 1902 година пристигнал во Костурско со цел да исценира востание, „паника меѓу народот“ и така да ја закопаат МРО. Оваа акција планирана од надвор била разоткриена од костурските војводи и истата била пресечена во корен.

Веднаш по неуспехот Коте повторно бил осуден на смрт од страна на Васил Чакаларов и Пандо Кљашев. Но во текот на Илинденското востание Лазар Поп Трајков, кој предводел чета од 600 комити, се сретнал со Коте и му ги простил сите гревови, и покрај тоа што можел веднаш да го ликвидира. По востанието Коте повторно се вратил во редовите на грчката пропаганда и започнал лов на македонските револуционери, како андартски првенец. Човекот кој му ги прости сите гревови, Лазар Поп Трајков, побарал засолниште кај Коте, но Коте во истиот момент му ја исекол главата на Лазар Поп Трајков и ја испратил кај Каравангелис за што добил 50 фунти награда. Коте Христов е директен виновник за ликвидацијата на голем број македонски дејци, тој е човекот кој ја закопа Организацијата во Костурско и бил најголемото чедо на грчката пропаганда.

Веднаш по Балканските војни и окупацијата на Егејска Македонија, грчките власти го преименувале родното село на Коте, кое во негова чест било наречено Котас. Коте денес се слави како национален херој во Грција, неговата родна куќа е претворена во музеј, а низ цело Костурско има споменици од овој однароден Македонец кој работел само за личниот интерес.

Однароден е однароден, дали пред еден век или денес, дали за 10 лири или за 100 000 евра, дали за школување на децата или за одмор на Миконос. И денес имаме „патриоти“ кои му прават „финти“ на народот, проповедаат патриотизам, а тргуваат со се што му остана на својот народ. Штета што Гоце Делчев немал камери, и така Коте бил под ПИ Мерки од страна на Организацијата, барем ќе можел на народот со време да му покаже со кој си има работа. Но кој би знаел, можеби во иднина низ Грција ќе се градат споменици на некој Македонец „финтаџија“ и грчки соработник, но за среќа денес имаме камери.

nikola-srbov
Автор: Никола Србов

 

На прво место

News image

СДСМ ја врати државата во времето после втората светска војна

Јанушев: СДСМ ја врати државата во времето после втората светска војна односно во периодот после 1...

Историја

News image

ЕКСКЛУЗИВНИ ДОКУМЕНТИ СВЕДОЧАТ ДЕКА СИТЕ СЛОВЕНСКИ ЈАЗИЦИ ПОТЕКНУВААТ ОД МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК

Документ кој датира од 1967-та, 1968-та и 1969-та година беше ексклузивно обелоденет во „Отворено ...

Иселеници

Култура и туризам

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (4)

ЕПИСТЕМОЛОГИЈА НА ОНОМАСТИКАТА НА ПАНОНИЈА (ДЕЛ II)

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.